Две верзии за целта на планираниот атентат во Грција: Ирански дисидент или израелски државјанин

Од:

Петте лица уапсени во врска со случајот дале две спротивставени верзии за целта на планираниот напад во Грција, кој требало да биде извршен од терористичка мрежа разбиена во Македонија.

Според информациите до кои дојде „Си-Ен-Ен Грција“ (CNN Greece), четворица од приведените изјавиле дека нивна цел бил истакнат ирански дисидент – опозициски активист и критичар на иранскиот режим – кој се наоѓал на „список за ликвидација“ составен од иранското Министерство за разузнавање и безбедност (MOIS).

Од друга страна, петтото лице – кое е пуштено на слобода под одредени ограничувања, вклучително и обврската да носи електронска алка за следење – признало вина и дало детални информации, тврдејќи дека целта бил израелски државјанин кој живее во Грција и е вработен во голема компанија.

Мрежата што дејствувала во соседната земја вклучувала поединци поврзани со локални криминални организации. Под водство на еден ирански државјанин – за кого се верува дека е главниот организатор на операцијата – овие лица наводно се подготвувале да извршат терористички чин и атентат врз едно лице во Грција.

Според соопштението на полицијата на Република Македонија, сторителите одржувале тајни состаноци во разни трети земји; тие се сретнале дури и во Иран. Овие контакти ги потврдиле нивните врски со ирански државјанин, кој е „главниот организатор“ зад планираниот терористички чин. Информациите укажуваат на тоа дека ова лице управува со широка мрежа на посредници и има врски со поединец кој е од голем интерес за безбедносните служби – поточно, соработник на иранските безбедносни и разузнавачки служби.

Овие врски – во комбинација со фактот дека неколку земји неодамна се соочија со терористички закани и напади извршени од ирански посредници – се чини дека се поврзани со напорите на иранските разузнавачки служби да ја прикријат својата вмешаност преку дејствување преку криминални мрежи во трети земји, вклучително и во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

„Њујорк тајмс“: Мосад киднапирал ирански генерали и ги мачел за да ја открие судбината на Рон Арад

Гарибабади: Нема да чекаме САД први да нападнат

Абдолахи: Иран е центар на глобална моќ поради Ормутскиот теснец

Горан Наумовски

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он

Автобус со работници на нафтена компанија во Иран излета од патот – загинаа 12 лица

А1он

Иран тврди дека уништил американски радар во Бахреин, САД демантираат