Абдолахи: Иран е центар на глобална моќ поради Ормутскиот теснец

Од:

Иран се етаблираше како нов центар на глобална моќ, благодарение на контролата што ја има врз Ормутскиот теснец, изјави генерал-мајор Али Абдолахи, началник на Генералштабот на иранските вооружени сили.

Во пораката по повод Националниот ден на борба против глобалната ароганција, генерал-мајор Абдолахи истакна дека Ормутскиот теснец претставува клучна енергетска „тесна грла“ (стратешка точка) и главен извор на иранското влијание, пренесува новинската агенција „Тасним“.

Според него, конфронтацијата меѓу Иран и Соединетите Држави надминала рамки на обичен воен судир и активно ја менува глобалната рамнотежа на силите.

„Иран не бара војна; тој на воената моќ гледа како на средство, а не како на цел“, нагласи високиот генерал.

Абдолахи изнесе пет принципи на иранскиот план насочен кон постигнување трајна безбедност. Тие вклучуваат: прекин на војните на сите фронтови, целосно укинување на санкциите, обештетување за наметнатите војни, признавање на иранскиот суверенитет над Ормускиот теснец, како и замена на американскиот „безбедносен чадор“ со нов „Ормутски механизам“.

Генералот нагласи дека овие принципи не претставуваат мировен предлог што произлегува од слабост, туку доктрина за обликување на нов поредок.

Говорејќи во име на вооружените сили, генерал-мајор Абдолахи ја потврди и нивната подготвеност да се спротивстават на какви било закани. Тој изјави дека војската ја смета „паметната воена подготвеност“ – поддржана од народот – за основен услов за постигнување максимално одвраќање.

Тој предупреди дека Иран ја ажурира својата база на податоци со цели, ставајќи ги во дострел како материјалните, така и нематеријалните ресурси на своите американски и израелски противници.

„На секоја закана, без оглед на нејзиното ниво или природа, ќе се одговори веднаш и ефикасно, без никакви географски ограничувања“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Автобус со работници на нафтена компанија во Иран излета од патот – загинаа 12 лица

А1он

Иран тврди дека уништил американски радар во Бахреин, САД демантираат

Рубио: Нема потреба од понатамошни напади врз Иран

Трамп тврди дека САД ги имаат иранските пари и Ормутскиот теснец

А1он

Венс размислува за директна средба со ирански функционер за ставање крај на војната

Иран отвори прв воен камп за обука на жени