ВИДЕО: Украина го повторно го нападна Кримскиот мост, силни експлозии во Киев, погодени два големи моста

Од:

Украинските сили втора ноќ по ред го нападнаа Кримскиот мост, стратешки важната сообраќајна врска меѓу Русија и окупираниот Крим. Украинските медиуми објавија дека по најновиот напад се урнал еден од големите лакови на патниот дел од мостот, заедно со дел од коловозот.

Објавени се и снимки од наводното уривање, но обемот на штетата сè уште не е независно потврден. Руските власти потврдија дека мостот повторно бил цел на напад и го прекинаа сообраќајот.

Мостот беше оштетен и во понеделникот, кога сообраќајот беше во прекин речиси 17 часа. Станува збор за една од најважните транспортни рути за снабдување на руските сили во јужна Украина.

Во меѓувреме, Русија продолжува со нападите врз украинските градови и енергетската инфраструктура. Меѓународните регулатори за нуклеарна безбедност предупредуваат дека оштетувањата на електроенергетската мрежа го зголемуваат ризикот од нуклеарна несреќа во текот на зимата.

Силни експлозии одекнаа во Киев, непосредно пред полноќ. Градоначалникот Виталиј Кличко набрзо соопшти дека е оштетена критичната инфраструктура.

„Во некои делови од градот е прекинато снабдувањето со вода и греење“, изјави Кличко.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украина го погоди Кримскиот мост

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зеленски: Онеспособивме повеќе од 55 отсто од руските капацитети за преработка на нафта

Катерина Ѓуровски

Четири земји одбиваат да ја финансираат Украина, Германија се заканува со блокада на буџетот на ЕУ

Европа ги отфрли руските барања за мировните преговори за Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Поранешен портпарол на украински премиер ранет во експлозија на автомобил во Москва

(ВИДЕО) Зеленски се надева на договор за прекин на огнот: Европски претставници ќе учествуваат во следната рунда преговори