Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

Од:

Син на инспектор во УЈП и јавната правобранителка од Охрид, 31-годишниот Х.К. ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт, на крај остави охриѓанка онесвестена на улица „7. Ноември“.

Според информациите, со возилото помина покрај повеќе камери „сејф сити“ и камери на приватни објекти, а рано утринава полицијата го уапси.

„Денеска (15.11.2026) во 05:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода го лишија Х.К.(31) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата девојка. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава“ соопштија од МВР.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, изјави дека против приведениот ќе биде поднесена кривична пријава штом настанот ќе биде целосно документиран.

Основното јавно обвинителство Охрид соопшти дека до овој момент пријавата не му е доставена.

Постапката засега се води за кривичното дело телесна повреда од член 130 став 2 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Поранешен министер за култура уапсен во Приштина поради трговија со дрога

А1он

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Малолетничките кои малтретираа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров упатени во воспитно поправен дом

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари