Борбени авиони на НАТО направија два неуспешни обиди да соборат беспилотно летало кое од Белорусија навлезе во литванскиот воздушен простор; една од истреланите ракети паднала во областа Биржај, соопштија денеска литвански воени претставници.
Според Гиедриус Пременецкас, началник на Генералштабот на вооружените сили на Литванија, првично биле забележани три беспилотни летала од белоруска страна, но тие не ја преминале литванската граница. Сепак, четврти објект навлегол во литванскиот воздушен простор накратко прелетал преку дел од Полска, а потоа се вратил во Литванија, пренесе ЛРТ (LRT).
Авиони на НАТО го лоцирале беспилотното летало во близина на Каунас, но првично се воздржале од обид за негово соборување поради загриженост за безбедноста на жителите, бидејќи леталото се наоѓало над населено место.
