Каспаров го откажа патувањето во Берлин по предупредувања за можен атентат: „Европа стана игралиште на Путин“

Од:

Гари Каспаров, поранешен светски шампион во шах и еден од најистакнатите критичари на Кремљ кој живее во егзил, одлучи да не присуствува на „Берлинската недела на слободата“, откако безбедносните служби го предупредија за зголемен ризик од атентат.

Каспаров требаше да говори на настанот оваа недела, но го откажа патувањето и наместо тоа објави видеопорака, пренесува германскиот весник „Билд“.

Во пораката, Каспаров остро ги критикуваше европските безбедносни служби и полицијата, тврдејќи дека тие не прават доволно за да му се спротивстават на Кремљ.

„Морате да признаете дека дозволивте Европа да стане игралиште на Владимир Путин. Ако тој може да допре до мене овде, може да допре до секого – до вашите сопружници, вашите деца, вашите колеги“, изјави Каспаров.

Како што пренесува „Вечерњи лист“, „Берлинската недела на слободата“ се одржува во германската престолнина од 7 до 14 ноември.

Каспаров објасни дека одлучил да не патува во Берлин по нови предупредувања дека неговиот живот е во опасност.

„Можеби сте виделе извештаи дека Русија се обидува да ме убие. Експертите за безбедност силно ме советуваа да не одам во Берлин, бидејќи тоа во овој момент би претставувало неоправдан ризик“, рече Каспаров во својата порака.

Би можело да ве интересира

Кушнер: Путин е подготвен за мир под соодветни услови

Русија: Нема да се согласиме на примирје, без да знаеме што следи потоа

ВИДЕО: Трамп нарече глупак новинар кој го праша до кога ќе му попушта на Путин

(ВИДЕО) Трамп: Омразата меѓу Путин и Зеленски е главната пречка за мир, Украина ќе има поинакви граници

Серија лажни дојави за бомби ги приземји европските авиони: Сомнежот е кон Путин

Русија ѝ се закани на Австрија