Белгискиот премиер понуди оставка – кралот ја одби

Од:

Белгискиот крал Филип ја одби оставката на премиерот Барт де Вевер и му наложи веднаш да продолжи со преговорите за буџетот.

Оваа информација денеска ја соопшти Кралската палата, откако премиерот во понеделникот понуди оставка, бидејќи коалициските партнери не успеаја да се договорат за буџетските мерки.

Одлуката за одбивање на оставката беше донесена по консултациите што кралот Филип ги одржа со претседателите на петте партии од владејачкото мнозинство.

Монархот во Кралската палата го прими и самиот Де Вевер. Кралот нагласи дека е неопходно да се воспостави правичен баланс помеѓу зачувувањето на социјалната кохезија и поттикнувањето на економскиот раст. Истовремено, тој ги повика партиските лидери да им дадат предност на компромисот и одговорноста.

Според соопштението од Палатата, лидерите на сите пет партии потврдија дека се решени да постигнат договор за стабилен буџет за следните три години. Тие изразија подготвеност преговорите да ги завршат „што е можно поскоро“.

Претседателите на партиите официјално се обврзаа на отстапки, со цел Владата да може да постигне договор.

Премиерот Де Вевер треба на 16 ноември повторно да го информира кралот за напредокот во преговорите.

Би можело да ве интересира

Германија, Италија и Белгија бараат право да блокираат прописи на ЕУ

Улични пресметки во срцето на Европа: Протестите ја парализираа Белгија, маскирани групи ја нападнаа полицијата

Предраг Петровиќ

Премиерот на Украина: Војната оваа година нè чини 155 милијарди долари

А1он

Црн биланс од летните горештини: Речиси 3.000 дополнителни смртни случаи во Белгија

Големиот пожар од Белгија се приближува до Германија: Жителите на Моншау им е наредена

Мицкоски го раскажа белгиското патување: Со синовите поминувал по 20 километри дневно, не бил љубител на класични одмори

A1on