Мицкоски го раскажа белгиското патување: Со синовите поминувал по 20 километри дневно, не бил љубител на класични одмори

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска детално го опиша еднонеделното патување во Белгија со своите синови, откако неговото отсуство и карактерот на патувањето предизвикаа реакции во јавноста и критики од опозицијата.

Тој рече дека станувало збор за научнообразовна екскурзија, при што секојдневно посетувале музеи, историски локалитети и други знаменитости. Како што рече, ова е традиција и дел од воспитувањето на неговите синови, еднаш во годината да посетуваат еден европски град.

„Со моите два сина бевме на научнообразовна екскурзија во Белгија“, рече Мицкоски, додавајќи дека во текот на патувањето поминувале и по дваесетина километри дневно.

Премиерот наведе дека ги посетиле Бриж, Гент, Антверпен и Брисел, како и повеќе музеи и културно-историски знаменитости. За деталите од патувањето, како што рече, „љубопитните од опозицијата не мора да се распрашуваат“.

Според него, патувањето било приватно, а трошоците за авионските билети, сместувањето и останатите потреби ги покрил лично. Тој нагласи дека државниот буџет не бил оптоварен со трошоците за неговите синови.

Премиерот Мицкоски вели дека не е љубител на „класични одмори“ што се сведуваат на престој во хотел и одморање покрај солена вода и песочни плажи. Тој уште пред заминувањето најави дека нема да оди на класичен одмор, туку на семејна екскурзија во Белгија. Патувањето потоа предизвика реакции од опозицијата, особено поради неговиот претходен повик до граѓаните да ги посетуваат домашните туристички места.

Мицкоски додаде дека во Брисел немал политички средби, туку три средби со инвеститори кои во Македонија се во завршна фаза на постигнување договор.

„Едниот е од Германија, едниот е од САД, а третиот прави проширвање на постојната инвестиција и многу наскоро, оваа есен, сите три ќе потпишат договори и јавноста ќе биде запознаена околу содржината на тие разговори“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Му пишувал дека е свиња и дека ќе го коле на плоштад, Мицкоски за заканите од 39-годишниот маж

Катерина Ѓуровски

Обвинителството бара привор за кумановецот кој му се закануваше на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Левица: Апсурд е Владата да одлучи за 300 милиони, а потоа да тврди дека парите не се државни и дека Државна лотарија не е државна

Мицкоски: „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг, паднаа во вода лагите од опозицијата

А1он

СДСМ за прославата 35 години независност: Нема „нула“ денари, парите од Државна лотарија се народни

A1on

Мицкоски: Мора да успееме – народот научил како да преживува, а сега мора да научи како да победува во мир

А1он