Масакр во Турција: Осуммина убиени на три локации, напаѓачот е во бегство

Од:

Најмалку осум лица се убиени со ловечка пушка на три одделни локации во селата Ајазини и Кијир, во округот Ихсаније; напаѓачот е во бегство и во тек е интензивна потрага по него, објавија турските медиуми.

Напаѓачот употребил ловечка пушка за да убие пет лица во два автомобила во округот Ихсаније, како и уште три лица на друга локација.

„Во селото Јукаритандр, три жени беа убиени со ловечка пушка. Потоа напаѓачот побегнал со црвено возило, убил три лица во селото Ајазини – исто така во автомобил – и повторно побегнал. Уште две лица убил во селото Кијир. Тој сè уште е на слобода“, пренесува информативниот портал „Јени Шафак“ (Yeni Şafak).

Полицијата ги блокираше сите патишта што водат кон областите каде што се случија убиствата.

Би можело да ве интересира

Турција го забранува пристапот до социјалните мрежи за деца под 15 години

(ВИДЕО) Трагедија во Кападокија: Се урна „Самовилскиот оџак“ – има жртви

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протести на турските новинари против властите

Нови детали од скандалот во Турција: Сопругата на Мустафа Сандал и нејзиниот татко сакаат да ги вратат спорните 54 милиони евра

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Во Турција уапсени 348 осомничени во акции против криминални организации