(ВИДЕО) Србинката Нинослава Јовиќ меѓу најбараните во Европа: Се бара по грабежот на накит вреден 40 милиони евра

Од:

Холандските власти трагаат по 41-годишната Нинослава Јовиќ од Ниш, која е на листата на најбарани бегалци на Европол поради сомневање дека учествувала во организацијата на грабежот на накит вреден околу 40 милиони евра во холандскиот град Мастрихт.

Холандското обвинителство нуди награда од 20.000 евра за информации што би довеле до нејзино апсење.

Грабежот се случи во јуни 2022 година, за време на престижниот саем за уметност и антиквитети TEFAF. Четворица мажи, вооружени со чекани, среде бел ден ги искршија заштитните витрини и украдоа скапоцен накит. Меѓу пленот беше и ѓердан со редок жолт дијамант, проценет на 27 милиони евра.

Според истрагата, во грабежот учествувале Александар Цениќ, Александар Стојилковиќ, Душко Димитријевиќ и Братислав Стојановиќ, сите од Ниш, кои се поврзуваат со криминалната група „Пинк Пантер“.

Истражителите се сомневаат дека Јовиќ имала логистичка улога во организацијата на бегството. Наводно, таа изнајмувала станови за криење на осомничените, обезбедувала логистика и управувала со возилата.

Снимките од безбедносните камери покажале дека автомобилите со кои се движеле осомничените минале низ Белгија и стигнале до Франкфурт во Германија. На паркинг пред хотел биле забележани и две жени во свечени фустани, од кои едната носела црвени сандали. Истражителите се сомневаат дека едната од нив била Јовиќ.

Европол објави и детали за нејзиниот изглед кои би можеле да помогнат во идентификувањето. На десната подлактица има тетоважа со името „Selena“, а на левата рака зборот „Faith“ (вера). Според информациите од истрагата, постои сомневање дека направила и естетски интервенции за да го промени изгледот.

Дел од украдените дијаманти во меѓувреме беа пронајдени во Израел, Хонгконг и Боцвана, но значителен дел од накитот сè уште не е пронајден.

Покрај наградата од 20.000 евра за информации што ќе доведат до апсење на Јовиќ, осигурителната компанија нуди и 600.000 евра за пронаоѓање на украдениот накит.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сопственичка на златарница во Лион гледала во живо како ограбувачите ѝ ја уништуваат продавницата: „Полицијата не дојде“

Петмина маскирани и вооружени мажи упаднаа во домот на шпанскиот голман додека вечераше со семејството

Четворица крадци пустошеле низ Боговиње: однеле пари, злато и оржје, штетата е 250 илјади евра

Србинка падна додека возеше џет-ски во Грција и загуби свест

А1он

Грабеж во Белград – од куќа украден сеф со злато и 400.000 евра

А1он

Уапсен e осомничениот за нападот со нож во банка во Регенсбург

Горан Наумовски