Обезбедена е современа модулаторна терапија „Трикафта“ за сите пациенти со цистична фиброза кај кои постои соодветна медицинска индикација, соопштија од Клиниката за детски болести.
„Од оваа година во нашата земја вкупно 126 пациенти со цистична фиброза, над двегодишна возраст, кои ги исполнуваат медицинските критериуми, ќе имаат пристап до современа, таргетирана терапија. Ова е значаен исчекор во третманот на цистичната фиброза во нашата држава“, се наведува во објавата на Клиниката.
