НАТО крена борбени авиони – руски и украински дронoви навлегоа во воздушниот простор на Латвија

Од:

Во текот на изминатите месеци, во воздушниот простор на Финска, Естонија, Латвија и Литванија навлегоа воени беспилотни летала, главно од украинско потекло.

Латвиската армија денеска соопшти дека, според нивните проценки, еден од двата дрона што го нарушиле воздушниот простор на земјата во последните денови бил од руско потекло, додека другиот бил од украинско потекло.

Во неделата и понеделникот, вооружените сили на Латвија предупредија на закани во воздушниот простор во близина на границите со Белорусија и Русија, при што ги повикаа жителите на тие области да побараат засолниште.

Во еден од случаите, НАТО активираше борбени авиони за надзор на воздушниот простор, пренесува Ројтерс.

Според проценките на армијата, дронот што навлегол во латвискиот воздушен простор во неделата бил од рускиот тип „Геран“, но засега не е познато дали бил вооружен. Портпарол на војската изјави дека тој дрон на крајот се вратил преку руската граница.

Дронот што навлегол во воздушниот простор на Латвија во понеделникот најверојатно бил украински и се урнал на територијата на таа земја, но се уште не е пронајден.

Во последните месеци, во воздушниот простор на Финска, Естонија, Латвија и Литванија навлегоа воени беспилотни летала, претежно од украинско потекло. Ова предизвикува загриженост дека војната во Украина би можела да се прелее и кај членките на НАТО што граничат со Русија и Белорусија, наведува агенцијата.

Инцидентите се случуваат во време кога Украина изведува напади врз руски нафтени пристаништа на брегот на Балтичкото Море, при што некои од нејзините дронови промашуваат, предизвикувајќи безбедносни предупредувања во соседните земји.

Во случајот со Латвија, еден таков инцидент претходно оваа година доведе до пад на владата.

Москва го обвинува Киев дека го користи воздушниот простор на НАТО како заштита за изведување напади, додека Украина тврди дека руското попречување на сигналите може да ги оддалечи нејзините дронови од планираните патеки.

Би можело да ве интересира

Русија ги опремува ударните дронови „Геран“ со магнетометри

ВИДЕО: Напад со дронови на два брода во бугарски води во Црното море

Русија тестираше ласер за неутрализирање на дронови

Предраг Петровиќ

Руските компании сè почесто сами ги штитат објектите од украински дронови

(ВИДЕО) Американската војска има ново оружје: Погодува со брзина на светлината

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Двajца загинати и шестмина повредени во напад со украински дронови во Московскиот регион

А1он