Руските компании сè почесто сами ги штитат објектите од украински дронови

Од:

Руските приватни компании сè почесто самостојно организираат заштита на своите објекти од украински напади со дронови, вклучително и со изнајмување системи за противвоздушна одбрана и ангажирање вооружени чувари. Москва дел од одговорноста за заштита на бизнисите од беспилотни летала ја префрла и врз приватниот сектор, пишува „Волстрит џурнал“.

Според американскиот весник, честите украински напади сè повеќе влијаат врз работењето на руските компании, кои го менуваат начинот на организација на работата и барањата кон вработените. Во заштитата од дронови се вклучуваат и припадници на обезбедувањето, па дури и вработени во поштенските служби.

Како што наведува весникот, Кремљ минатиот месец со официјален указ предупреди дека компаниите кои нема да обезбедат заштита од украински дронови би можеле привремено да бидат ставени под државна контрола.

Компании ширум Русија сега изнајмуваат системи за противвоздушна одбрана од одбранбени компании или развиваат сопствени системи. Според огласите за работа, некои фирми бараат и стрелци задолжени за соборување беспилотни летала.

Два извори блиски до руските деловни кругови за „Волстрит џурнал“ изјавиле дека некои компании му плаќаат на Министерството за одбрана за изнајмување системи за противвоздушна одбрана, како и месечни надоместоци за инструктори кои ги одржуваат тие системи.

Други компании се одлучуваат за поевтина опција и ангажираат инженери од одбранбената индустрија за развој на сопствени системи, често со копирање на странски модели.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Русија нападна повеќе од 15 енергетски објекти во Украина

Порака на Мерц до САД: Замрзнатите руски пари остануваат во Европа

Дмитриев: Одлуката на САД за суспендирање на санкциите против Русија е важен историски момент

Горан Наумовски

Украина ги обнови воздушните операции, Москва и Санкт Петербург се главните цели

Русија се закани: Ќе го поделиме Киев

(ВИДЕО) Нов бран разорни напади врз Украина: Најмалку осум загинати, погодени се и трговски центри