(ВИДЕО) Голема железничка несреќа во Шпанија, загинаа десет лица

Од:

Два воза се судрија денеска во Шпанија, при што загинаа најмалку десет лица, пренесува Си-Ен-Ен (CNN). Сообраќајот на линијата што го поврзува Мадрид со регионот Андалузија е во прекин потврди железничкиот оператор „Адиф“ (Adif).

„Сообраќајот на брзата железничка линија Мадрид – Андалузија е во прекин по судирот на два воза“, соопштија шпанските железнички власти на платформата „Икс“ (X).

Шпанскиот весник „Ел Паис“ (El País) пренесува дека, според сведоци, има голем број повредени, а екипите за итни интервенции се веќе на терен.

Од истиот извор наведуваат дека два вагони излетале од шините и се лизнале по насипот. Според „Ел Паис“, несреќата се случила нешто по 9:00 часот по локално време.

Судирот се случил на делницата помеѓу градовите Лос Јебенес и Урда, во покраината Толедо.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масовни немири во Шпанија: Демонстрантите запалија автомобили и ја нападнаа полицијата

(ВИДЕО) Голема несреќа во близина на Барселона: Најмалку 83 повредени, седуммина се тешко повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нереди во Барселона: маскирани палеа и ограбуваа, на 100 уапсени

Шпанскиот премиер распиша предвремени парламентарни избори

А1он

Илјадници Шпанци на улиците поради станбената криза: „Вака повеќе не може“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Страшни поплави во Шпанија: Водата носи се пред себе