Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Од:

Централната изборна комисија во Софија на својата веб страница ги објави податоците од претседателските избори одржани вчера, според кои при обработени 98,99 проценти од протоколите води двоецот Илијана Јотова и Кирил Валчев.

Јотова и Валчев имаат освоено 524.913 гласови или 34,7% поддршка.

На второ место се двојката Андреј Ѓуров и Георги Кандев со 483.846 гласови или 32% поддршка.

На трето место се Костадин Костадинов и Петар Волгин со 190.220 гласови или 12,6% поддршка.

Полето „Не поддржувам никого“ го означиле 66.843 гласачи или 4,4% од оние што гласале.

Гласањето мина во мирна атмосфера со рекордно ниска излезност под 20 отсто. Најголема излезност е забалежана во Софија од 18,36 отсто, а најмала во Крџали 6,77 отсто. Според резултати, Бугарија ќе го избере седмиот претседател на вториот круг од претседателските избори што ќе се одржат на 1 ноември.

Би можело да ве интересира

Јотова со мала разлика пред Ѓуров во вториот круг на претседателските избори во Бугарија

Бугарија избира претседател

Катерина Ѓуровски

Убиен бугарскиот бизнисмен и поранешен европратеник Слави Бинев: Тројца осомничени уапсени на автопат

Предраг Петровиќ

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

Бугарија избира претседател: Јотова со предност во анкетите

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ