Москва е загрижена од плановите на НАТО

Од:

Владислав Маслеников, директор на Одделот за европска соработка при руското Министерство за надворешни работи, изјави дека Москва е загрижена поради изјавите на претставници на НАТО, кои Балтичкото Море го опишуваат како „внатрешно море“ на Алијансата.

По пристапувањето на Финска и Шведска во НАТО, одредени западни претставници изјавија дека Балтичкото Море всушност станало внатрешно море на Алијансата.

– Ситуацијата во Балтичкото Море е извор на длабока загриженост за нас. НАТО долго време зборува за својата желба да го претвори Балтикот во свое внатрешно море, изјави Маслеников за „РИА Новости“.

Според него, во своите напори за милитаризација на балтичкиот регион, НАТО чекори во чекор со Европската унија – динамика што дополнително ја усложнува ситуацијата во тој дел.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Што пишуваат руските медиуми за падот на Вучиќ?

Горан Наумовски

Трамп се закани: Подготвува „удар“ врз Русија и Украина

Русија изврши масовен напад врз термоелектрана во Украина, запрено е производството на електрична енергија

Москва: Нашата победа е неизбежна

Горан Наумовски

Путин: Убеден сум дека Русија и Украина можат да постигнат договор

Горан Наумовски

Москва: Сакаме траен мир во Украина, а не само примирје