МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

Од:

По сите неостварени ветувања на СДСМ за подобар студентски стандард во период од седум години, дури и ветувања за изградба на нов „студентски град“, Министерството за образование и наука со поддршка од ЕУ во јули 2024 година ја започна и неодамна ја заврши реконструкцијата на државниот студентски дом „Стив Наумов“ во Скопје – се вели во соопштението на МОН, по обвинувањата на СДММ.

Оттаму велат дека тоа е првиот од вкупно девет домови кои ќе бидат темелно и енергетски ефикасно реновирани во текот на мандатот на актуелната Влада. Отстапки нема да има, младите се во фокусот на политиките на МОН.

-Истата политичка партија, денес без нималку срам обвинува дека условите во реновираниот дом во скопска Автокоманда, не се соодветни. Ги покануваме кога сакаат, да влезат и да направат увид, но и споредба со објектите кои тие ги имаат „изградено или реконструирано“ во време на нивниот мандат и да дадат оценка на успешноста на завршената работа. Дела не се споредуваат со нула реализирани ветувања. Четири министри во време на нивниот мандат, не успеаја да сврзат две цигли – наведува МОН во соопштението.

Оттаму посочуваат дека изолирани ситуации во реновираниот дом може да настанат сами по себе, но објектот е под гарантен рок и изведувачот постапува и ги санира.

-Но, несакани ситуации може да бидат предизвикани и од корисници, за што апелиравме на одговорно користење при самото пуштање на објектот. Раководството на домот се соочи со запушена канализација поради фрлени влажни марамици; активиран алармен систем поради заборавена храна во вклучена микробранова печка во чајна кујна, како и поради запалена цигара во соба; откорнат радијатор; паркирани автомобили на зелени површини во дворот на домот… Сите ситуации се надминати – децидни се од МОН.

Истакнуваат дека условите во „Стив Наумов“ се одлични, а храната согласно пропишани нутритивни стандарди и тоа може да се види во секое време. Според МОН, залудни се обидите на СДСМ за дискредитација на работата на Министерството за образование и наука и за поттикнување незадоволство кај студентите.

-Така можат со своето членство, но пошироката јавност не верува на нивните приказни. Конечно, однесувањето на СДСМ најдобро го објаснува зборот – лицемерие – додава МОН во соопштението.

Би можело да ве интересира

Берово утрово најстуден град во земјава, измерени минус 1 степен

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар