Руското Министерство за одбрана ја поддржа изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека е невозможно Русија да биде поразена на бојното поле, тврдејќи дека победата на Русија е неизбежна, пренесе агенцијата РИА Новости.
Путин изјави дека е невозможно Русија да биде поразена на бојното поле и дека нанесувањето стратешки пораз врз неа е нереално.
Руското Министерство за одбрана на својот канал на „Телеграм“ објави слика со цитат од рускиот претседател, придружена со коментарот: „Нашата победа е неизбежна“.
Пораката беше проследена и со емоџи на војник кој поздравува.
