Тројца мажи во Мексико осудени на по 158 години затвор за убиството на тројца сурфери

Од:

Суд во Мексико осуди тројца мажи на казна затвор од по 158 години и девет месеци за убиството на двајца австралиски браќа и нивниот американски пријател, извршено за време на патување за сурфање во мексиканската држава Долна Калифорнија (Baja California) во 2024 година, соопшти денеска претставник на правосудните органи.

Обвинетите – идентификувани како Хесус Херардо (Jesús Gerardo), познат како „Ел Кекас“ (El Kekas), Иринео Франсиско (Irineo Francisco) и Анхел Хесус (Ángel Jesús) – беа прогласени за виновни за убиство, тешка кражба, грабеж со употреба на насилство и кражба на возило со употреба на насилство, пренесува Ројтерс.

Жртвите се австралиските браќа Џејк Робинсон (33) и Калум Робинсон (30), како и нивниот американски пријател Џек Картер Роуд (30).

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бунт во затвор во Мексико, 10 жртви

Хорор во Србија: Ја мачел, ја исекол мајка си и деловите од телото ги ставил во замрзнувач

А1он

Пијан Мексиканец со тврд предмет нападна полицајци во парк во Ѓорче Петров

А1он

Кривична пријава за убиството во Чаир: Двајца осомничени за смртта на 26-годишникот

Ја уби сопругата додека детето славеше роденден – таа повика полиција еден час претходно

А1он

Иранскиот паравоен командант Абдолрауф Ешаги е убиен во терористички напад

А1он