Наместо одговорност за пуштањето на Ива Михаилова, граѓаните повторно гледаат како Мицкоски го штити Тошковски. Нема одговори како обвинета, со одземени македонски и бугарски пасош успеала да ја напушти државата, се вели во соопштението од СДСМ.
– Тошковски на телевизија јавно признава дека границата е „швајцарско сирење“. А кој е надлежен за границата? Тошковски. Срамота е министерот што ја води полицијата, која ја обезбедува границата, да каже дека границата е швајцарско сирење.
Границата е решето и за криминалци и за бегалци од правдата. Никој не одговара. Нема правда. А кој раководи со полицијата? Тошковски. Ама Мицкоски го штити Тошковски. Сега на сите им е јасен договорот под „радар“ за пуштање на Михајлова. Затоа наместо одговорност и оставка од Тошковски сега народот гледа театар, тврдат од партијата.
