Нема здравствен случај кај Михајлова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа, вели Клековски

Од:

Министерот за здравство, Сашо Клековски денеска изјави дека бегството на Ива Михајлова во соседна Бугарија е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум во Македонија, кој по проверката на нејзините наводи, вели, ќе утврдеа дека таму нема здравствен случај.

-Бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум, тука. Тој требаше заедно со македонските лекари да ги провери наводите на лицето. Мислам дека тогаш ќе излезеја работите на виделина какви се. ​Јас патувам во Софија, ќе разговарам секако со нивното Министерство за тоа, бидејќи во основа таму нема здравствен случај-вели Клековски.

Инаку, против Ива Михајлова се води судски процес во Судот во Кочани за сообраќајна несреќа, со смртни последици. Таа во текот на судскиот процес се жалеше на дискриминација поради нејзиното двојно државјанство и македонско и бугарско, односно дека не и е дозволено да се лекува во соседна Бугарија. Нејзиниот татко Симеон Михаилов, исто така има избегано во Бугарија по пресудата од 12,5 години затвор за случајот Детонатор. Во моментов македонските власти имаат распишано меѓународни потерници и по Ива Михајлова и по Симеон Михаилов.

Шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски за време на неодамнешната посета во Софија, во врска со случајот со Михајлова изјави дека Македонија е подготвена да дозволи бугарски медицински специјалисти да ја посетат и да се запознаат со здравствената состојба и лекувањето на Ива Михајлова. Тој нагласи дека случајот има два одделни аспекти – судската постапка, во која извршната власт не може да се меша, и здравствената состојба на Михајлова, за која, како што рече, македонските власти покажале подготвеност за соработка.

Би можело да ве интересира

Судот во Кочани го одби барањето за онлајн судење на Ива Михајлова

Горан Наумовски

ВИДЕО: Мицкоски финасирал омраза кон Бугарите, обвинителот бил „бугарофоб“ – Ива Михаилова на подкаст во Бугарија

Клековски најави формирање комисија за случајот со Ива Михаилова, во ревизијата ќе бидат вклучени и експерти од странство

Горан Наумовски

Тошковски: Жалам што Бугарија станува заштитник на осомничени и осудени криминалци

Клековски: Дополнителната работа на лекарите вработени во јавното здравство не треба да е хаотична, анархична и со можности за злоупотреби

Четири потврдени случаи со морбили, се испитува нивна евентуална поврзаност