ВИДЕО: Нов напад на аеродромот во Ријад

Од:

Меѓународниот аеродром „Крал Калид“ во Ријад денеска повторно беше цел на напад, откако, според коалицијата предводена од Саудиска Арабија, терминалот 4 го погоди „неидентификуван проектил“.

По ударот избувна пожар, кој го гасат пожарникарите, а на терен се и екипи на итната медицинска помош.

Саудиската управа за цивилно воздухопловство соопшти дека во денешниот напад има повредени, но засега не објави колку лица се повредени и каква е сериозноста на нивните повреди.

Претходно, странски дописници јавија за силна експлозија во центарот на саудиската престолнина. Аеродромот остана затворен во текот на целиот ден по вчерашниот напад.

Хутите ја презедоа одговорноста за вчерашниот напад во телевизиско обраќање. Во него загинаа 12 лица, а повеќе од 300 беа повредени.

Би можело да ве интересира

Зошто Хутите ја напаѓаат Саудиска Арабија

(ВИДЕО) Напад на аеродромот во Ријад: Хутите повторно се закануваат

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Масакр во Ријад, 12 мртви и над 300 повредени во напад на аеродром

ВИДЕО: Хутите повторно напаѓаат аеродроми во Саудиска Арабија

ВИДЕО: Хутите ја нападнаа Саудиска Арабија, оштетени два аеродроми

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Хутите осовјуваат клучни територии, илјадници цивили бегаат од Јемен