Украина му одговори на Трамп на повикот за смена на Зеленски

Од:

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха денеска изјави дека само украинскиот народ има право да одлучи кој ќе биде претседател на земјата, откако американскиот претседател Доналд Трамп повика Украина да избере нов лидер.

Сибиха во објава на платформата Икс наведе дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ја води земјата во време на војна, која ја опиша како борба за независност, слобода и достоинство.

„Тој ја има поддршката на украинскиот народ, а Украинците имаат право да одлучуваат. Изјавите од странство само потврдуваат дека тој добро ја врши својата работа. Заслужува поддршка“, изјави Сибиха, пренесе украинската агенција УНИАН.

Трамп претходно денеска изјави дека Украина треба да добие нов претседател „кој може да постигне договор“, повторно критикувајќи го Зеленски поради нападите врз руските рафинерии за нафта и нивното влијание врз светскиот пазар на дизел-гориво.

Би можело да ве интересира

Русија планира атентати врз директори на европски компании кои ѝ помагаат на Украина, пишва „Фајненшл тајмс“

(ВИДЕО) „Шлаканица“ од Трамп за Зеленски: Време е Украина да добие нов претседател!

А1он

(ВИДЕО) Врз Запорожје фрлени 5 авионски бомби – загинаа 17 лица, а 18 се повредени

А1он

Трамп направи голем пресврт кон Русија: Постигнав договор со Путин за милиони тони дизел

Трамп воведе санкции против Меѓународниот кривичен суд

Во Црна Гора уапсен шефот на мрежата „Рибар“, поврзана со руските хибридни операции

Катерина Ѓуровски