На 60-годишна возраст почина обвинителот Џемал Лога од струшкото село Новосела, потврди Муфтиството на БФИ во Струга.
Oттаму упатија сочувство до семејството, роднините, пријателите и колегите на Лога.
Џемал Лога повеќе години работеше како обвинител во Струга, каде што значаен дел од својот професионален живот го посвети на правосудството.
Погребот ќе се одржи денеска, 8 октомври, со почеток во 15 часот, на селските гробишта во село Новосела.
