Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на ATP турнирот во Пекинг ќе игра против Данил Медведев.
Рускиот тенисер во четвртфиналето го совлада Франсиско Серундоло, додека српскиот тенисер по пресврт беше подобар од вториот носител Александар Зверев со 2:1.
Ѓоковиќ и Медведев нема да излезат на теренот пред 13 часот по локално време, а нивниот меч е втор на програмата. Пред нив, од 9 часот ќе играат Алекс де Минор и Хуберт Хуркач.
Србинот против Медведев ќе се обиде да ја продолжи неверојатната серија во Пекинг, каде што има 32 последователни победи и сè уште не знае за пораз од својот прв настап на турнирот.
Ѓоковиќ во кинеската престолнина ќе се обиде да ја освои и седмата титула во кариерата на овој турнир.
Со пласманот во полуфиналето, Ѓоковиќ веќе обезбеди 200 бодови и моментално е на 11. место на АТП-листата во живо. Со евентуална победа над Медведев сигурно ќе се врати во Топ 10, бидејќи ќе го прескокне Артур Фис.
Српскиот тенисер потоа ќе има можност да напредува уште повеќе. Доколку го освои турнирот, може да ги прескокне и Алекс де Минор и Френсис Тијафо, кои исто така се во конкуренција во Пекинг.
Ѓоковиќ со победата над Зверев во четвртфиналето испиша и нова страница во историјата, бидејќи стана првиот машки тенисер кој остварил 32 последователни победи на еден турнир од својот дебитантски настап.
