Џим Кери се ожени по третпат

Од:

Актерот Џим Кери се ожени по третпат. Портпаролот на 64-годишниот актер вчера за магазинот „Пипл“ (People) потврди дека тој стапи во брак со својата партнерка Мин А.

Тие се венчаа седум месеци откако заедно се појавија на доделувањето на наградите „Цезар“ во Франција. Кери тогаш ја нарече Мин А своја „прекрасна партнерка“ во говор одржан целосно на француски јазик.

„Ви благодарам на моето прекрасно семејство, на ќерката Џејн и на внукот Џексон. Ве сакам сега и засекогаш. Ви благодарам на мојата прекрасна партнерка Мин А“, рече тој на француски, додека публиката со овации на нозе ги поздравуваше неговата ќерка, внукот и партнерката. „Те сакам, Мин А. И конечно, ви благодарам на најдуховитиот човек што некогаш сум го познавал – мојот татко Перси Џозеф Кери, кој ме научи на вредноста на љубовта, великодушноста и смеата“ – рече актерот.

Ѕвездата на филмот „Ејс Вентура“ е познат по тоа што ретко зборува за својот приватен живот.

Во април 2022 година, додека го промовираше филмот „Соник: Ежот 2“ (Sonic: The Hedgehog 2), тој во интервју за „Аксес Холивуд“ (Access Hollywood) изјави дека размислува да се повлече од глумата за да ужива во потивок живот.

Кога водителот Кит Хувер го праша дали сериозно размислува за тоа, Кери одговори: „Прилично сум сериозен“.

„Ако ангелите ми донесат сценарио напишано со златно мастило и ми дадат до знаење дека тоа е нешто што е многу важно луѓето да го видат, можеби ќе продолжам да глумам. Но, засега, правам пауза“ рече актерот.

Тој рече дека го цени животот подалеку од очите на јавноста, каде што може да слика и да поминува време со своето семејство.

„Навистина ми се допаѓа мојот тивок живот, сакам да сликам и го сакам мојот духовен живот. Чувствувам дека имам доволно, а тоа е нешто што можеби никогаш повеќе нема да го слушнете од некоја славна личност“, изјави тој.

Кери претходно беше во врска со колешката од серијата „Кидинг“ (Kidding), Џинџер Гонзага. Тие првпат заедно се појавија на црвениот тепих во јануари 2019 година, кога портпаролот на актерот за „Пипл“ потврди дека се во врска.

Во октомври истата година, „Us Weekly“ објави дека тие раскинаа по помалку од една година.

Актерот претходно беше во брак со Лорен Холи, со која глумеше во филмот „Глупавиот и поглупавиот“, во периодот од 1996 до 1997 година.

Со својата прва сопруга, Мелиса Вомер, со која ја има ќерката Џејн, беше во брак од 1987 до 1995 година.

Би можело да ве интересира

Црвена младина: Мицкоски е отсечен од реалноста – младите не формираат семејства поради ужасни услови за живот

Последици од пандемијата во Македонија – помалку бракови, повеќе разводи

Катерина Ѓуровски

Средба на здруженија и невладини организации со цел зачувување на традиционалното семејство

Ана Ололовска

Наталитетот зголемен за пет, морталитетот за 9,1 отсто

Намален бројот на бракови и разводи

Ана Ололовска

Конференција: Воведување одредба за еднакво вршење родителско право и по разводот

Ана Ололовска