Русија тестираше ласер за неутрализирање на дронови

Од:

Припадници на руските единици за радиолошка, хемиска и биолошка заштита во Ленинградската област тестираа ласер за неутрализирање дронови, соопшти прес-службата на Росгвардија.

Тестирани се техничките карактеристики и борбените можности на ласерот за уништување беспилотни летала од различни модели при нивно маневрирање на различни далечини, брзини и височини, пренесе агенцијата РИА Новости.

Од Росгвардија наведоа дека врз основа на резултатите од тестирањето ќе бидат дадени препораки за унапредување на методите и начините на примена на овој систем.

Во текот на руско-украинскиот конфликт, кој трае од 2022 година, беспилотните летала станаа едно од главните тактички и стратешки средства и значително го променија начинот на изведување на борбените дејствија.

Би можело да ве интересира

Москва до Вашингтон: „Ослободете го Мадуро“

Прва средба по повеќе од четири години: Лавров разговараше со германскиот шеф на дипломатијата Вадефул

Предраг Петровиќ

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени

(ВИДЕО) На работ на пропаст: Нема храна, вода ни лекови, луѓето од очај јадат трева

Колапс на системот: Кина итно побара од САД да престанат

Апсења во Њујорк: Нова закана за Нетанјаху?