Апсења во Њујорк: Нова закана за Нетанјаху?

Од:

Полицијата во Њујорк уапси двајца мажи кои, заедно со уште едно лице, биле забележани како излегуваат од шахта на градскиот канализациски систем.

Тие биле фатени во близина на хотелот во кој, според медиумските наводи, требало да престојува израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на заседанието на Генералното собрание на Обединетите нации.

Њујоршката полиција (NYPD) ги уапси 26-годишниот Кевин Родригез и 25-годишниот Самјуел Реверон под сомнение дека извршиле кривични дела поврзани со здружување и неовластено влегување на туѓ имот, пренесе Би-Би-Си.

NYPD за Би-Би-Си соопшти дека во последните месеци се регистрирани повеќе случаи на луѓе кои влегуваат во канализацискиот систем во потрага по вредности и отпаден метал по невремиња.

„Овој инцидент одговара на истиот образец, но од претпазливост, имајќи го предвид Генералното собрание на ОН и чувствителноста на локацијата, NYPD спроведува дополнителни безбедносни проверки со федералните партнери“, наведе полицијата.

Полицијата соопшти дека уапсените мажи избегале од местото на настанот откако излегле од шахтата, кога полицајците биле повикани околу 4:30 часот по локално време.

За време на сослушувањето, двајцата мажи се изјаснија дека не се виновни и беа пуштени на слобода, покажуваат судските податоци.

Апсењата следеа по низа слични инциденти во различни делови на Њујорк, во кои луѓе биле забележани како излегуваат од шахти на улиците.

Во август, на снимка од безбедносна камера е забележано лице како рано наутро излегува од шахта во Квинс.

Истиот месец, NYPD соопшти дека истражува случај со три лица во работни комбинезони и со челни ламби, кои биле забележани како излегуваат од шахта во близина на станицата Пен.

Во мај, група луѓе била снимена како го поместува капакот на шахта и се спушта во канализацискиот систем во јужен Бруклин.

Градските власти предупредуваат дека влегувањето во канализацискиот систем на Њујорк е незаконско и опасно поради ризикот од изложување на отровни гасови и поплави во затворени простори.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Снимен моментот на масакрот во Краков: Напаѓачот имал дозвола за оружје; продолжил да пука и откако бил ранет

Предраг Петровиќ

Расте бројот на жртви во Краков: Напаѓачот носеше воена пушка, во автомобилот криеше цел арсенал оружје

Застрашувачки снимки од Краков: Луѓето бегаат за да спасат жива глава; Напаѓач во воена униформа пукаше врз минувачите

Предраг Петровиќ

Иран ја укина границата од 2.000 км за своите проектили: Што значи ова за Европа?

Иран предупредува: „Подземните ракетни градови се подготвени, подготвуваме оружје што ќе го изненади светот“

Серија лажни дојави за бомби ги приземји европските авиони: Сомнежот е кон Путин