ВИДЕО: Нетанјаху го нападна градоначалникот на Њујорк во ОН, доби одговор

Од:

Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, реагираше на говорот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред Генералното собрание на ОН, откако Нетанјаху во својот говор го нападна градоначалникот и го нарече неговиот кабинет „антисемитски“.

Мамдани во соопштение наведе дека Нетанјаху, според него, во говорот повторил тврдења за војната во Газа и додаде дека неговите изјави не можат да го променат налогот за апсење што го издало Меѓународниот кривичен суд (МКС).

„Премиерот Нетанјаху, како и многупати досега, го искористи својот говор за повторување на неосновани лаги со кои се обидува да го разубави геноцидот врз Палестинците“, наведе Мамдани.

Тој додаде дека против Нетанјаху и понатаму постои налог за апсење издаден од МКС поради наводни воени злосторства и злосторства против човештвото.

Нетанјаху, пак, во својот говор ги отфрли обвинувањата за геноцид и го нападна Мамдани.

„Презедовме безброј чекори за да го заштитиме цивилното население. Дали тоа е геноцид? Се разбира дека не. Тоа е целосна спротивност на геноцидот“, рече Нетанјаху.

Тој потоа му се обрати директно на Мамдани, обвинувајќи го дека шири, како што рече, „лаги“ за Израел и израелските војници.

„Господине Мамдани, откако бевте избран за градоначалник на овој град, многу Евреи во Њујорк повеќе не се чувствуваат безбедно“, рече Нетанјаху, додавајќи дека демонстрантите за човекови права пред зградата на ОН се „лажговци“.

МКС со седиште во Хаг во ноември 2024 година издаде налози за апсење на Нетанјаху и поранешниот израелски министер за одбрана Јоав Галант. Судот ги товари за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото поврзани со војната во Појасот Газа.

Мамдани во јули годинава ги повика американските федерални власти да постапат по налогот на МКС. Тој претходно призна дека властите на Њујорк немаат законски овластувања самостојно да го спроведат налогот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Оскаровката Сузан Сарандон приведена во Њу Јорк на протест против Нетанјаху

Израел распоредува дополнителни сили на Западниот брег

Нетанјаху по нападот на Западниот Брег: Ќе ги повикаме на одговорност сите терористи!

А1он

Нетанјаху најави одземање државјанство за критичарите на израелската армија

Мамдани: Објавени 170.000 страници документи за последиците од 11 септември

Горан Наумовски

Нетанјаху: Трамп предложи „опсада“ на Иран наместо нова војна