Македонец повреден при работа во Италија, пренесен со хеликоптер во болница

Од:

Македонски државјанин на возраст од 36 години е повреден додека работел во фирма за производство и преработка на инертен материјал во близина на Баришиано, во областа Аквила, Италија.

Според италијанската агенција АНСА, работникот се здобил со повреди на главата и рамениците додека работел во фирмата која се наоѓа покрај регионалниот пат 261 „Субеквана“.

На местото на несреќата интервенирала итната медицинска помош, по што повредениот работник со хеликоптер бил пренесен во болница во Аквила. Бил примен со црвен код, што укажува на сериозна состојба.

На местото пристигнале и карабинерите и претставници на локалната здравствена служба. Надлежните треба да ги утврдат околностите под кои дошло до несреќата и да проверат дали биле почитувани безбедносните процедури.

Околностите за повредувањето засега не се целосно разјаснети. АНСА известува и дека ден претходно, во Претуро, друг 37-годишен работник бил повреден откако паднал од скала додека работел.

Би можело да ве интересира

Температури до 46 степени во Италија – метеоролозите предупредуваат на „супер тропски ноќи“

А1он

Објавени пораки на италијанските крајнодесничари: Ги споменуваат Хитлер, Евреите, воен удар

Сопругот на италијанската министерка кој исчезна во езеро е пронајден мртов

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес ја погоди областа во близина на Пиза

Горан Наумовски

Влезот во Венеција може да чини и до 50 евра

Силен земјотрес во Италија – траеше повеќе од 20 секунди

А1он