Нетанјаху најави одземање државјанство за критичарите на израелската армија

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека ќе предложи два нови закони со кои би се овозможило одземање на државјанството на лица кои ја клеветат израелската армија, како и значително зголемување на паричните казни за клевета.

Потегот следува по објавувањето на документарниот филм „NAZA“, во кој израелски војници сведочат за наводни воени злосторства во Газа.

Во обраќање објавено на социјалните мрежи, Нетанјаху најави дека до парламентот ќе достави два законски предлога. Едниот предвидува одземање на државјанството на секој што ги клевети војниците, а другиот зголемување на отштетата за клевета до 20 пати.

„Ќе ги погодиме и по џебот и по државјанството, бидејќи не им е местото меѓу нас“, порача Нетанјаху.

Меѓу оние кои директно се најдоа на мета на најавите се авторите на филмот „NAZA“, Јувал Абрахам и Рејчел Зор. Документарецот неодамна ја освои специјалната награда на жирито на Филмскиот фестивал во Венеција, што предизвика остри реакции во израелскиот државен врв.

Министерот за култура Мики Зохар го нарече филмот „одвратен“, а наградата „шокантна“. Тој ги обвини авторите за предавство на државата и омраза кон самите себе со цел „да добијат аплауз од антисемитите“. Зохар најави дека лично ќе дејствува за да им биде одземено државјанството.

Филмот „NAZA“ се темели на интервјуа со 24 анонимни припадници на израелската армија и разузнавачките служби. Во нивните сведоштва се опишува употребата на системи за вештачка интелигенција (AI) при изборот на цели и изведувањето напади, како и наводното свесно прифаќање на голем број цивилни жртви.

Како најдрастичен пример, еден од интервјуираните војници наведува дека армијата одобрила убивање до 500 цивили за ликвидација на еден високопозициониран припадник на Хамас.

Израелската армија целосно ги отфрли сите наводи изнесени во документарецот.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху: Трамп предложи „опсада“ на Иран наместо нова војна

За Нетанјаху турскиот претседател Ердоган е „антисемитски диктатор“

А1он

Кушнер до Нетанјаху за Газа: „Самите ја саботирате идејата што ја побаравте“

Половина од Американците го поддржуваат апсењето на Нетанјаху

(ВИДЕО) Трамп се сретна со Зеленски и Нетанјаху во Белата куќа: Украина добива лиценца за производство на ракети „Патриот“

Катерина Ѓуровски

Нетанјаху кај Трамп: Разговараат за „намалување на обемот на војната“

А1он