(ВИДЕО) Сабаленка по поразот: „Е** се“

Од:

Арина Сабаленка не успеа да ја сокрие фрустрацијата по поразот од Елена Рибакина во финалето на УС Опен, а набргу по мечот објасни зошто го скршила рекетот.

Белорусинката во Њујорк ја бркаше третата последователна титула, но Рибакина ја совлада со 6:4, 5:7, 6:2 и така, исто како и на Австралија опен на почетокот на годината, ѝ нанесе пораз во финалето на Гренд слем турнир.

Откако се поздрави со Рибакина, Сабаленка го фрли рекетот на теренот, а подоцна го скрши. Камерите го забележаа нејзиниот излив на бес.

Набргу потоа, таа му кажа на снимателот „да оди во е** се“ додека ја снимаше како седи со својот тим.

На прес-конференцијата објасни дека на тој начин сакала да ја исфрли насобраната агресија и разочарување.

„Навистина е тешко да ги контролирате емоциите кога ќе загубите финале на Гренд слем, особено кога сте ја бркале третата титула. Само сакав сето тоа да го оставам зад себе, бидејќи ако задржев сè во себе, таму на теренот или овде, немаше да можам ниту збор да изговорам или ќе се однесував на многу непријатен начин“, рече Сабаленка.

„Само сакав да ја исфрлам сета таа агресија и разочарување. Мислам дека луѓето често веруваат дека искуството ги прави ваквите работи полесни. Мислат дека, кога имате искуство и играте многу финалиња, сè станува полесно“, додаде таа.

Рибакина со победата ја освои првата титула на УС Опен, а од понеделник токму од Сабаленка ќе го преземе и првото место на ВТА-листата.

Би можело да ве интересира

Сабаленка спречи сензација на УС Опен – влезе во полуфинале

А1он

Србија ја прегази Грција и стигна на чекор до финалето на Европското првенство

Француската полиција спречила обид за киднапирање на Мбапе

Пет часа борба и драма: Зверев го преживеа „пеколот“ и продолжи понатаму

Горан Наумовски

Венус Вилијамс елиминирана на стартот, Свитолина со убедлива победа на УС Опен

Алкараз прв фаворит за титулата на УС Опен, Ѓоковиќ дури трет според прогнозите