Арина Сабаленка минува низ тежок период. По елиминацијата во осминафиналето во Пекинг, белоруската тенисерка доживеа уште еден болен пораз, овојпат уште на самиот почеток на турнирот во Вухан.
По голема драма, подобра од неа беше Американката Ен Ли, моментално 31-ва тенисерка во светот, која победи со 3:6, 6:4, 7:6 (7-5).
Сабаленка имаше шанса да го избегне поразот, но не успеа да го приведе мечот кон крајот дури и откако стекна предност во одлучувачкиот сет.
Ли поведе со 5:2 и беше на чекор до победата, но Белорусинката одби да се предаде, спаси неколку меч-топки и врати еден брејк – резултатот се израмни (6:6).
Сепак, драмата продолжи во тај-брејкот, во кој Американката ја искористи својата десетта меч-топка за да го заврши дуелот.
Белорусинката направи повеќе од 40 неизнудени грешки во текот на мечот, а во завршницата повторно имаше проблеми да го пронајде вистинскиот ритам.
Иако во тај-брејкот изгледаше дека може да ја сврти ситуацијата во своја корист, Ли ја задржа присебноста и дојде до голема победа.
По мечот, Американката Ен Ли беше горда на својот триумф, но и малку лута на себе бидејќи не успеа да одигра како што сакаше во клучните моменти.
На крајот, таа изјави: „Тоа беше луд меч. Не ги искористив некои од шансите при меч-топките, но и таа успеваше да одигра добри потези. Само се обидував да се фокусирам на следниот поен“.
