Русија ќе мора да реагира ако Литванија ја укине забраната за распоредување нуклеарно оружје во земјата.
Ова го изјави Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Рускиот совет за безбедност, па и се закани на Литванија со „исчезнување од светската мапа“ во случај на конфликт.
„Ако, не дај Боже, се случи нешто слично и мораме да реагираме на нивните постапки, вклучително и во самата Литванија, никој нема да застане во нивна одбрана“, рече Дмитриј Медведев.
