Песков: Литванија ќе биде мета доколку распореди нуклеарно оружје

Од:

Територијата на Литванија ќе се најде на нишанот на руското нуклеарно оружје доколку Вилњус одлучи да распореди такво оружје, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.

Како што истакна Песков, нуклеарното оружје распоредено во некоја земја е секогаш вперено кон некого, пренесува агенцијата РИА Новости.

– Очигледно е дека таквото оружје не би било вперено кон Западот, туку кон Истокот – односно кон Русија. А доколку на таа територија има нуклеарно оружје вперено кон нас, тогаш и територијата на таа земја ќе се најде на нишанот на нашето нуклеарно оружје, изјави Песков за „Канал 1“.

Би можело да ве интересира

Русија изврши масовен напад врз термоелектрана во Украина, запрено е производството на електрична енергија

Москва: Нашата победа е неизбежна

Горан Наумовски

Путин: Убеден сум дека Русија и Украина можат да постигнат договор

Горан Наумовски

Песков го критикува Брисел: Америка бара мир, додека Европа поттикнува војна

Москва: Сакаме траен мир во Украина, а не само примирје

Москва e подготвена да ги обнови трилатералните разговори за Украина

Горан Наумовски