Трагедија кај Суш: Има загинати и повредени во автобуска несреќа

Од:

Неколку лица загинаа, а повеќе се повредени во алпското село Суш во источна Швајцарија, во несреќа на автобус во кој се наоѓале 48 патници од Холандија, соопшти полицијата.

Полицијата соопшти дека екипи за итни интервенции биле испратени на местото на несреќата, во која учествувал туристички автобус, пренесе Ројтерс.

Портпаролката на Општото холандско здружение на туристички компании изјави дека засега не може да каже колку лица загинале или се повредени.

Според најновите информации, автобусот превезувал 48 холандски патници, а несреќата се случила меѓу Суш и Цернец, во кантонот Граубинден.

На местото се ангажирани бројни спасувачки екипи, вклучително и хеликоптери.

Би можело да ве интересира

Најмалку 15 загинати во стравична автобуска несреќа во Египет

Ужас во Швајцарија: Убиено едно лице, петмина ранети во пукање на рејв забава

Предраг Петровиќ

Пресврт во Швајцарија: Руси останаа без визи за медицински третман

Најмалку 10 лица загинаа во автобуска несреќа во Рио де Жанеиро

Тешка сообраќајка во Норвешка, се преврте туристички автобус, има повредени

40 повредени во автобуска несреќа во Чешка