Утре прес-конференција за финансирањето на прославата за 8 Септември: Владата тврди „нула денари“, СДСМ вели дека платила Државна лотарија

Од:

Утре портпаролот на Владата на Република Северна Македонија, Марија Митева, генералниот директор на Државна лотарија, Александар Климовски и директорот на Авалон продукција, Бобан Милошески ќе одржат прес-конференција во Клубот на пратеници.

Прес конференцијата следува откако премиерот Христијан Мицкоски денеска во Штип одговарајќи на новинарско прашање во врска со сумата која е потрошена за организирање на настаните поврзани со одбележувањето на 35 годишнината од независноста на државата, истакна дека Буџетот и граѓаните сето ова ги чинело нула денари и сите активности биле организирани од општественo одговорни компании.

„Имам лоша вест за сите оние кои шпекулираа, негодуваа, клеветеа, пласираа лажни информации, а молчев. Не сакав да зборувам затоа што оставав сето тоа што претставуваше навистина посебен момент за градовите низ земјава да биде посебен момент и за граѓаните во тие градови. Имаше таков настан и тука, во Штип. Лошата вест е дека буџетот сите овие настани го чинат нула денари. И граѓаните и буџетот сите овие настани ги чинат нула денари“, рече Мицкоски.

Наспроти ова, од СДСМ изјавија, а истото го потврдија и дел од медиумите, е дека прославата била платена од Државна Лотарија, која е во сопственост на државата.

„Државната лотарија е државна. Парите на Државната лотарија се народни пари.Кога државна компанија плаќа од дивидендата за концерти и прослави на Владата – тоа се пари на граѓаните. Нема „нула денари“. Има префрлање на трошокот од еден џеб на државата во друг. Додека касата е празна, додека се задолжуваат милијарди, додека нема пари за плати, пензии и земјоделци – има пари за спектакли што се претставуваат како „бесплатни“. Мицкоски, граѓаните не се идиоти“, изјавија од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ за прославата 35 години независност: Нема „нула“ денари, парите од Државна лотарија се народни

A1on

35 години независност: На Македонија повторно ѝ се потребни обединување и политички консензус

A1on

ДУИ: Од спотот ги избришаа Охридскиот договор, НАТО и Албанците

Владата ги брише Албанците и албанскиот јазик од спотот за независноста, реагира Алијанса за Албанците

Катерина Ѓуровски

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Власта го утна македонското знаме на прославата за 35 години независност, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски