СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Од:

Дури и Денот на независноста криминалната власт го извалка. Организатор на настан по повод 35 година од независноста, платен со пари на граѓаните, се однесува дрско кон новинари и кон јавноста и не одговара на тоа колку народни пари ќе се потрошат. Тоа е за секоја осуда. Граѓаните имаат целосно право да знаат, новинарите имаат право слободно да поставуваат прашања. А Влада на Мицкоски наместо ароганција има обврска да им каже колку пари ги чини прославата по повод 35 години од независноста, велат од СДСМ.

– Настапот на Дејвид Гета чини најмалку 1 милион евра. Само за него. Ако на тоа се додадат бини, озвучувања, обезбедување, придружни актери и така натаму сумата значително се зголемува. Со сите активности и настани по некои проценки вкупната сума достигнува до 5 милиони евра. Прашањето е како е донесена одлуката да се потрошат над 5 милион евра?

Авалон фирмата којашто ја најавува владата е со блокирана сметка и на листата на должници на УЈП. Како е одлучено токму таа фирма да организира државна манифестација, без јавен повик, без тендер? Јавноста и граѓаните очекуваат одговори. За жал сето ова, дрскоска, навредите кон граѓаните и кон новинарите се одлика на оваа влада и нивниот однос кон народот. Влада која својот народ го нарекува „талог“ вака се однесува, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат

(ВИДЕО) Кузеска: Јанушев е дел од системот на Мицкоски во кој и возачи земаат мито

А1он

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи