Околу 5.000 луѓе се собраа кај Бранденбуршката порта во Берлин за да протестираат против крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД), која претходниот ден оствари убедлива победа на покраинските избори во Саксонија-Анхалт. Полицијата процени дека на протестот присуствувале околу 5.000 луѓе и соопшти дека демонстрациите поминале без инциденти. Организаторите, пак, наведоа бројка од околу 14.000 учесници. Меѓу демонстрантите беа познатата германска климатска активистка Луиза Нојбауер и носителите на листите на Зелените и Левицата на регионалните избори во Берлин, кои ќе се одржат на 20 септември, пренесува ДПА.
Околу 5.000 луѓе вечерва се собраа кај Бранденбуршката порта во Берлин за да протестираат против крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД), која претходниот ден оствари убедлива победа на покраинските избори во Саксонија-Анхалт.
Полицијата процени дека на протестот присуствувале околу 5.000 луѓе и соопшти дека демонстрациите поминале без инциденти. Организаторите, пак, наведоа бројка од околу 14.000 учесници.
Меѓу демонстрантите беа познатата германска климатска активистка Луиза Нојбауер и носителите на листите на Зелените и Левицата на регионалните избори во Берлин, кои ќе се одржат на 20 септември, пренесува ДПА.
Саксонија-Анхалт е сојузна покраина во источна Германија, со главен град Магдебург.
Демонстрантите носеа транспаренти со пораки како „Фашизмот не е алтернатива“ и „Стоп за нацистите од АфД! Стоп за расизмот и социјалните кратења“, а скандираа и „Сите заедно против фашизмот!“.
Стотици луѓе вечерва протестираа и во блискиот Потсдам, против можноста АфД да дојде на власт во Саксонија-Анхалт.
АфД оствари историска победа на покраинските избори во Саксонија-Анхалт со 43,8 отсто од гласовите и освои 39 од вкупно 83 места во покраинскиот парламент. За апсолутно мнозинство ѝ беа потребни 42 мандати.
ЦДУ заврши на второто место со 17,2 отсто од гласовите и 15 мандати, додека СПД, Зелените и Левицата освоија по осум места. Излезноста била 77,8 отсто.
Победата на АфД предизвика силни реакции низ Германија, бидејќи партијата остана на само три пратенички места од апсолутно мнозинство и сега се отвора прашањето дали и како ќе успее да формира влада.
Саксонија-Анхалт е сојузна покраина во источна Германија, со главен град Магдебург.
