Ким Џонг Ун го претстави моќниот разурнувач „Канг Кон“

Од:

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека новиот разурнувач „Канг Кон“ ќе биде дел од системот на земјата за нуклеарен одговор, способен за „разорни возвратни удари“, објави државната новинска агенција KCNA.

Ким ги даде овие изјави за време на воведувањето на бродот во морнарицата во пристаништето Вонсан, истакнувајќи дека неговото распоредување во морето источно од Корејскиот Полуостров ќе испрати јасна порака до противниците.

Разурнувачот од класата од 5.000 тони е вториот брод од таа класа во севернокорејската морнарица, пренесува Танјуг.

KCNA не соопшти дали „Канг Кон“ носи нуклеарно оружје, но наведе дека тој ги поседува истите системи за вооружување како и разурнувачот „Чое Хјун“, за кој аналитичарите тврдат дека може да носи ракети со нуклеарни боеви глави.

Ким најави дека Северна Кореја за осум месеци ќе започне нова фаза во развојот на морнарицата, како и дека е во тек изградба на поморски бази на источниот брег и на нови воени бродови.

Во меѓувреме, Јужна Кореја, САД и Јапонија денеска ја започнаа заедничката воена вежба „Freedom Edge“ во меѓународните води јужно од островот Џеџу, пренесе Ројтерс.

Како што соопшти Здружениот генералштаб на јужнокорејските сили, целта на вежбата е зајакнување на капацитетите за одговор на севернокорејските нуклеарни и ракетни закани.

Би можело да ве интересира

„Разговор со Трамп? Не ми е познато“ – сестрата на Ким Џонг Ун негира дека тој комуницирал со американскиот претседател

Северна Кореја: Новата американска нуклеарна доктрина го води светот кон нуклеарна војна

Зеленски: Пристигнуваат до 50.000 војници од Северна Кореја

Русите нападнати со ракети од Северна Кореја

Северна Кореја покажа таен нуклеарен објект

ВИДЕО: Северна Кореја тестираше новоразвиен, повеќенаменски систем за лансирање ракети