Зеленски: Украина подготви предлози за завршување на војната

Од:

Украина подготви предлози за решавање на вооружениот конфликт во пресрет на доаѓањето на пратениците на американскиот претседател Стив Виткоф и Џаред Кушнер во Киев, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Најавувајќи ја средбата со американските претставници, Зеленски порача дека Киев е „подготвен за разговор“ и дека е заинтересиран за завршување на војната.

„Заинтересирани сме војната да заврши. Потребен е мир. Потребни се безбедносни гаранции. Неопходен е достоинствен повоен поредок. Нашите предлози се подготвени. Важно е да работиме координирано, промислено и реалистично“, наведе Зеленски на Телеграм.

Сепак, во Киев нема големи очекувања од оваа посета. „Фајненшел тајмс“ претходно објави дека украинската страна не очекува пробив во преговорите, додека дописничката на Ал Џезира, Одри Мекалпајн, оцени дека доаѓањето на Виткоф и Кушнер се доживува повеќе како церемонијален настан отколку како средба што би можела да донесе конкретни резултати.

Американските пратеници, пред да пристигнат во Киев, на 5 септември во Москва разговарале со рускиот претседател Владимир Путин.

Помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, по средбата соопшти дека Виткоф и Кушнер ги изнеле своите предлози за можните начини за решавање на украинскиот конфликт, додека Путин им ја претставил руската проценка на ситуацијата и ставовите на Москва за условите за постигнување мир.

Би можело да ве интересира

Каспаров: Зеленски учествува во бесмислени преговори, жал ми е за него

Зеленски: „Путин нема да ризикува употреба на нуклеарно оружје“

Орпо: Не треба да се склучуваат договори за купување руски гас додека трае војната во Украина

Русија изврши масовен напад врз термоелектрана во Украина, запрено е производството на електрична енергија

Путин: Убеден сум дека Русија и Украина можат да постигнат договор

Горан Наумовски

Москва: Сакаме траен мир во Украина, а не само примирје