(ВИДЕО) Иран се заканува со „силен одговор“: „Посилни сме од кога било“

Од:

Иранската Исламска револуционерна гарда соопшти дека испукала „повеќе балистички ракети“ кон американски носач на авиони и разурнувач на американската Воена морнарица, за кои тврди дека ги вознемирувале иранските бродови и учествувале во поморската блокада.

Како што пренесе новинската агенција Тасним, Револуционерната гарда наведе дека двата воени брода, „откако претрпеле оштетувања и поради страв од нови напади, биле принудени да ја напуштат зоната на судир“.

Револуционерната гарда се осврна и на претходното соопштение на американската Централна команда (CENTCOM), во кое нејзиниот командант, адмиралот Бред Купер, порача:

„Ако пуцате врз два наши брода, ќе наметнеме уште поголема економска цена – ќе уништиме три ваши.“

Револуционерната гарда дополнително порача:

„Доколку Соединетите Американски Држави продолжат со своето непријателско и агресивно дејствување, американскиот режим треба да очекува силен одговор од вооружените сили на Исламската Република Иран. Посилни сме од кога било.“

Би можело да ве интересира

Техеран прати закана до Трамп: Ако нè уништите, и други земји ќе ја платат цената

Песков го критикува Брисел: Америка бара мир, додека Европа поттикнува војна

Седум танкери запалени или оштетени во Ормускиот теснец, расте стравот од нова ескалација

Нетанјаху: Трамп не ме спречи да го нападнам Иран

ВИДЕО: „Нешто ќе се случи си Иран, прилично брзо“

Нетанјаху: Ако Иран се меша во израелските избори, ќе се соочи со сила каква што досега нема видено