Двајцата пилоти на стар борбен авион, двосед на Грчките воздухопловни сили, двомоторен авион „Фантом Ф4“ што се урна денес за време на аеромитинг во воздухопловна база во близина на Атина, загинаа, објави грчката РТВ СКАИ.
Официјални лица на воздухопловните сили велат дека несреќата се случила кратко по полетувањето, додека пилотите се обидувале да се опорават од нагло свртување на ниска надморска височина.
Пожарот во напуштена фабрика и во шума веднаш до оградата на базата каде што паднале делови од авионот бил изгаснат од 95 пожарникари со три групи планинари, две групи спасувачи и 29 возила. Девет авиони и четири хеликоптери биле користени за гаснење на пожарот од воздух.
Двајца странци кои работеле на демонтажа на опрема во поранешната фабрика биле полесно повредени.
Несреќата се случила за време на „Неделата на летање во Атина“ – годишна аеромитинг во воздухопловната база Танагра.
