Активни се осум пожари, пет се под контрола, а изгаснати 11

Од:

До 18 часот денеска регистрирани се вкупно 24 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, пет се под контрола и 11 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи.

Активни пожари:

Општина Ѓорче Петров: с. Грачани и с. Никиштани – пожарот е активен и на територијата на Република Косово (шума);

Општина Македонски Брод: с. Белица, месност Кајорец, кон с. Брезница кај репетиторот (нискостеблеста и мешана шума);

Општина Чучер-Сандево: с. Брест, месност Рамно (мешана шума);

Општина Градско: с. Ногаевци (ниска вегетација, грмушки и борова шума);

Општина Струга: с. Подгорци (ниска вегетација и мешана шума);

Општина Липково: с. Матејче (мешана ниска шума);

Општина Маврово и Ростуше: место викано Чавкарник над Маврово (ниска вегетација, пасишта и мешана шума);

Општина Кичево: с. Кнежино и с. Добреноец (нискостеблеста шума).

Пожари под контрола:

Општина Струга: с. Буринец – с. Локов – с. Селци (нискостеблеста шума);

Општина Македонски Брод: с. Брезница (ниска вегетација и помошен објект);

Општина Сарај: с. Копаница (нискостеблеста шума и ниска вегетација);

Општина Кратово: Кратово (депонија);

Општина Делчево: градска депонија Делчево (депонија).

Изгаснати пожари:

Општина Неготино: с. Црвени Брегови (ниска вегетација);

Општина Гази Баба: ул. Перо Наков (ниска вегетација и ѓубриште);

Општина Брвеница: с. Милетино и с. Радиовце (ниска вегетација);

Општина Гостивар: с. Равен (ниска вегетација);

Општина Гостивар: с. Форино (ниска вегетација);

Општина Куманово: населба Бедиње, покрај железничката пруга (ниска вегетација);

Општина Куманово: ул. Ѓорче Петров (ѓубре);

Општина Липково: с. Ваксинце (стрниште);

Општина Битола: с. Ротино (ниска вегетација);

Општина Прилеп: с. Ново Лагово (ниска вегетација);

Општина Кичево: с. Манастирско Доленци (депонија).

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Двајца странци заглавиле на врвот Приберг на Шар Планина, извлечени од косовска страна

Катерина Ѓуровски

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он