Путин нареди: Русија три дена нема да го напаѓа Киев

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин нареди да не се вршат напади врз Киев во следните три дена, почнувајќи од денес, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков, исто така, истакна дека Путин ќе се сретне во Москва со специјалните претставници на американскиот претседател, Стивен Виткоф и Џаред Кушнер.

Прекинот на огнот е поврзан со подготовката и одржувањето состаноци со американските преговарачи во Киев, објасни Песков.

„Навистина, такви информации се добиени од украинска страна. Рускиот претседател и врховен командант Путин издаде наредби руските сили да се воздржат од напади врз Киев три дена, почнувајќи од денес. Ова е поврзано со подготовката и одржувањето состаноци на САД во Киев“, рече тој.

Во моментов нема информации за нови идеи за регулирање на конфликтот во Украина, изјави вчера самиот американски претседател Доналд Трамп, потсети портпаролот.

Би можело да ве интересира

Путин: Убеден сум дека Русија и Украина можат да постигнат договор

Горан Наумовски

Кремљ ги отфрли најновите предлози за мир во Украина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Трамп не трпи новинарски прашања: Глупава, личност со низок коефициент

Москва: Сакаме траен мир во Украина, а не само примирје

Москва e подготвена да ги обнови трилатералните разговори за Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зеленски: Украина е подготвена за мир со замрзнување на сегашната линија на фронтот