Комеморација во Белград: Граѓани му оддаваа почит на Ратко Младиќ

Од:

Во Домот на Војската во Белград од 12 часот се одржува комеморација за Ратко Младиќ.

Погребот на поранешниот командант на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ, ќе се одржи во понеделник, 7 септември, на Топчидерските гробишта, изјави неговиот син Дарко Младиќ.

Тој наведе дека ковчегот со телото на Ратко Младиќ ќе биде изложен во црквата „Свети Лука“ на Кошутњак, од 7 часот наутро до 12 часот. Сите кои сакаат да дојдат и да ѝ изразат сочувство на семејството и да му оддадат почит на Ратко Младиќ, ќе можат да го направат тоа во тој период.

Потоа погребната поворка ќе тргне кон Топчидерските гробишта, каде што погребот ќе се одржи околу 13:30 часот.

Ратко Младиќ, поранешниот командант на Војската на Република Српска, почина на 27 август, додека се наоѓаше во затвор во Хаг.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Мурал посветен на Ратко Младиќ во Источно Сараево

(ВИДЕО) Со воени почести погребан воениот злосторник Младиќ, неговиот син низ солзи порача: Каде што дојде ти со војската, таму денеска има Срби

A1on

БиХ го повлекува персоналот од Амбасадата во Белград: Односите со Србија ги сведуваме на минимум

A1on

Денеска е погребот на Ратко Младиќ

А1он

Дарко Младиќ: Татко ми пред мои очи беше убиен во Хаг!

А1он

(ВИДЕО) Телото на Ратко Младиќ пречекано со воени почести, на погребот се очекуваат десетици илјади граѓани

A1on