ДПМНЕ ќе менува закон за да може Перински со диплома од фискултурно да управува со ФЗО, тврди Левица

Од:

Пратеничката на Левица, Јована Мојсоска, на денешната седница во Собранието остро реагираше на предложеното бришење на посебните услови за именување директор на Фондот за здравствено осигурување, посочувајќи дека ДПМНЕ наместо да избере кадар кој ги исполнува законските критериуми, ги менува самите критериуми за да му овозможи на својот партиски кадар Перински да биде именуван за директор на институција која располага со буџет од околу 900 милиони евра.

Со досегашните законски решенија, велат од Левица, покрај општите услови, за директор на Фондот беа предвидени и посебни критериуми во однос на образованието и стручната подготовка, односно завршено високо образование од областите на менаџментот, економските науки, финансиите, бизнис-администрацијата, менаџментот во јавното здравство или правните науки. Сега, наместо овие критериуми да се унапредат и дополнително прецизираат за една од најзначајните државни институции, ДПМНЕ предлага нивно бришење.

„Сметам дека е скандалозно што се бришат посебните услови кои беа предвидени и во стариот Закон за здравствено осигурување. Наместо да ги допрецизираме критериумите при назначување на кадар, ние оставаме една општа формулација која е предвидена само во Законот за високи раководители“, истакна Мојсоска.

Мојсоска посочи дека бришењето на условите не може да се разгледува одделно од именувањето на актуелниот в.д. директор на Фондот, Перински, бидејќи токму при неговото поставување беше отворено прашањето дали ги исполнува условите пропишани со Законот за здравствено осигурување. Тогаш Владата неговото именување го образложи како привремено решение, со најава дека дополнително ќе биде отпочната постапка за избор на директор.

„При самото именување на актуелниот директор на Фондот беше спорно дали ги исполнува условите кои се пропишани во Законот за здравствено осигурување. Кога беше назначен за в.д., од Владата беше образложено дека тоа е само привремено решение и дека накнадно ќе почне постапка. Очигледно, накнадно ќе почне постапката откако ќе се избришат условите, за да може да се именува за директор на Фондот за здравствено осигурување“, истакна Мојсоска, додавајќи дека !!„ќе продолжи старата пракса, каде што единствен критериум за поставување на директорите се партиските заслуги на поединците“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јанков: Герасимовски бега од соочување со граѓаните и експертската јавност

(ВИДЕО) Станкоска: Орце Ѓорѓиевски против жртвите на семејно насилство вети дека ќе обезбеди субвенции за кирии, па ги исфрли од ребалансот

Горан Наумовски

Исмаил: Министерството за демографија крена раце од родилките – за доцнењето на надоместоците одговора со „не сме надлежни“

Мециновиќ: Демографијата не се спасува со „мамо роди ми братче“ – предлагаме закон за отпис на 20% од станбениот кредит по новороденче

Горан Наумовски

Левица: Јаневска им вели на шестгодишни деца да бараат братче и сестриче за да ја решат демографската криза во која ДПМНЕ ја доведе Македонија

(ВИДЕО) Давчева: ДПМНЕ ги претвора управните и надзорните одбори на јавните претпријатија во партиски плен