Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Од:

Собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање даде согласност да почне постапката и го прифати предложениот закон за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во прво читање.

Според министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, со измените се обезбедува соодветен баланс меѓу јавниот интерес, институционалната независност и буџетската стабилност.

-Измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги имаат за цел да се стабилизира и да се одговори на потребата за воспоставување јасен, предвидлив и одржлив систем на финансирање на радиодифузната дејност и кој ќе влијае и обезбеди соодветен баланс меѓу јавниот интерес, институционалната независност и буџетската стабилност. Истовремено измените имаат за цел доследно спроведување на законските обврски за обезбедување на финансиски средства со што се исполнуваат и обврските утврдени во патоказот за владеење на правото особено во делот на зајакнување на финансиската независност и капацитетите на јавниот сервис. Како што е познато неколку години постоеше одредба за финансирање на Македонската радио телевизија, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Македонската радиодифузија кој што не утврдуваше точен датум на пресметување на средствата што треба да се одделуваат од буџетот, а сега се одлучивме за промена на законот со која ќе се дефинира износот за финансирање на јавните претпријатија и тие ќе може да ги планираат своите приходи и расходи соодветно, а државата да ги планира приходите и расходите на ниво на буџет, нагласи министерот Андоновски.

Пратеникот Митко Трајчулески потсети дека со измената на законот се предлага нов начин на финансирање на јавниот сервис и агенцијата АВМУ, односно износот е дефиниран како еден процент од реализирани даночни приходи утврдени во последната донесена завршна сметка на буџетот на Република Северна Македонија, а како даночна основа се зема 2026 година.

-Клучната работа при донесувањето на законот треба да биде дефинирање и гарантирање на независноста на регулаторот и на јавниот сервис. Сакам да потенцирам дека ние имаме извештај од Европската комисија која во овој дел искажа загриженост, а сега имаме точен патоказ и ресор кој ќе си дозволам да кажам дека успешно се справува со сите предизвици во однос на Реформската агенда и затоа таму каде што знаеме дека имаме одредена препорака треба да продолжиме да бидеме чисти. Апелирам Владата да размисли, да го разгледа нашиот предлог дали начинот на финансирање треба да остане или да се врати на еден процент на буџетска година со што ќе се исполни препораката на Европската комисија, а ние да потврдиме дека се грижиме за незвисноста на регулаторните тела и на јавниот сервис како многу сензитивни работи во државата, посочи Трајчулевски.

Членовите на собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање го прифатија предлогот на предлагачот за измена на законот и истиот го проследија за понатамошно постапување во македонското Собрание, а без забелешки го прифатија и извештај за работата на Регулаторната комисија за домување за период од 1 јануари до 30 јуни 2026 година.

Би можело да ве интересира

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието

Повторно даден еден час пауза, собраниската седница за пратенички прашања треба да продолжи во 17:10 часот

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он