Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денес изјави дека Иран „не бара војна, но никогаш нема да седи со скрстени раце пред каква било агресија“, објавија иранските медиуми.
Во својот говор пред да замине од Техеран за Киргистан на 26-от самит на Шангајската организација за соработка, Пезешкијан изрази надеж дека, преку конструктивен дијалог, самитот ќе ја докаже способноста на лидерите да владеат, објави агенцијата ТАСНИМ.
„Овој самит е многу важен и повеќето лидери од регионот ќе бидат присутни. Во ситуација кога некои меѓународни институции се обидуваат да создадат единствен простор во светот, овој самит се смета за симбол на постоењето на разновидни и независни гласови на глобалната сцена“, рече Пезешкијан.
