Пезешкијан пристигна во Москва, утре ќе се сретне со Путин

Од:

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска пристигна во Москва, каде што ќе учествува на самитот на шефовите на држави и влади на Форумот на земјите извознички на гас (GECF), пренесува Интерфакс.

Претходно, помошникот на рускиот претседател Владимир Путин – Јуриј Ушаков, најави дека Путин ќе се сретне со Пезешкијан и со катарскиот емир, шеикот Тамим бин Хамад ал Тани, во рамките на самитот што започнува утре.

Осмиот самит на шефовите на држави и влади на Форумот на земјите извознички на гас (GECF) ќе се одржи утре во Москва, а Путин ќе одржи пет билатерални средби на маргините на форумот.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху и командантот на ИДФ во судир околу операцијата против Иран

CNN: Армијата се подготвува за нов напад врз Иран

Трамп се изјасни: Кратко и јасно

Техеран прати закана до Трамп: Ако нè уништите, и други земји ќе ја платат цената

Седум танкери запалени или оштетени во Ормускиот теснец, расте стравот од нова ескалација

Нетанјаху: Трамп не ме спречи да го нападнам Иран